ВИДЕО: ДАЛИ Е ОВА ДОКАЗ ДЕКА СТАРЕЦОТ НЕКТАРИЈ Е СВЕТЕЦ ? Верниците му приоѓаат за да го дадат последниот поздрав, но погледнете што се случи !
February 15
00:21
2018
Православните верници масовно го споделуваат видеото за кое, како што викаат, станува збор за првото чудо на архимандритот Нектариј Виталис Егински кој се упокои на 8 февруари во Камарза, блиску до Атина.
На видеото настанато покрај починатиот духовен водич, свештениците приоѓаат и му оддаваат последен поздрав, а за неговите раце викаат дека се сеуште меки и топли.
Како што наведуваат, тоа е првото чудо на старецот кој уште додека бил жив го сметале за светец.
Тој е познат по тоа што ги сакал и им помагал на сиромашните.
Позната е и приказната за чудесното исцелување на Нектариј кој со молитва успешно излекувал тежок облик на рак.