Утринава сонце, а попладне пресврт во температурите

 Breaking News

Утринава сонце, а попладне пресврт во температурите

Утринава сонце, а попладне пресврт во температурите
October 29
11:02 2017

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со утринска температура од -3 до 6, а дневна од 12 до 20 степени. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. 

Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен северен ветер, а во северните и западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег, но не се очекува врнежите да бидат обилни. Во Скопје претпладне сончево, попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има повремени слаби врнежи од дожд и ќе почне да дува засилен северен ветер. 

Температурата ќе се движи од два до 18 степени. Утре преку ден облачноста ќе се намали, а од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќето места ќе се спуштат под нулата.

Related Articles