Трамп му нареди на Пентагон да ги извади тенковите и војската на улица!

 Breaking News

Трамп му нареди на Пентагон да ги извади тенковите и војската на улица!

Трамп му нареди на Пентагон да ги извади тенковите и војската на улица!
February 07
13:09 2018

Американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба на Пентагон, во втората половина од годината, да организира голема воена парада, која ја вклучува војска и тенкови на улиците на Вашингтон.

По тој повод, Трамп на 18 јануари се сретнал со генералите на Пентагон.

„Наредбата за марш била: сакам парада како таа во Франција“, вели неименуван воен извор.

Според воените лица, покажувањето на армијата на улиците на Вашингтон воопшто не е ефтино.

Сендерс ја потврди оваа информација и вели дека подготовките се во тек.

„Претседателот Трамп неверојатно ги поддржува членовите на службата, кои секојдневно ги ризикуваат своите животи за нашата земја да биде безбедна. Тој бараше од министерството за одбрана да размислат за прослава на која сите Американци би можеле да ја покажат благодарноста“, напиша таа во соопштението, а таа вест ја потврди и Пентагон.

Related Articles