Тито бил заљубен во овој град, а сега Словенците сакаат да му го тргнат споменикот!(Фото)

 Breaking News

Тито бил заљубен во овој град, а сега Словенците сакаат да му го тргнат споменикот!(Фото)

Тито бил заљубен во овој град, а сега Словенците сакаат да му го тргнат споменикот!(Фото)
January 17
15:09 2018

Приказната за создавањето на градот, нарекуван Титово Велење, во кој главниот збор низ историјата го имале Хабзбурговци и словенските благородници, започнала по втората светска војна.

Во средината на регионот на Сава е сместено Велење. Тоа е петти град по големина во Словенија. Има 30.000 жители , бурна историја, реката Пака, бесплатен јавен превоз, еден рудник, езеро, легенди…

Во време на СФРЈ тоа било место кое Тито посебно го сакал, а сега управата на градот сака да му ги тргне спомениците од тоа време поради туризам.

Приказната започнува во 50-те години на минатиот век кога живееле само 1000 луѓе, а не биле приврзани за големото наоѓалиште на јаглен во нивна близина. Сепак, на новата држава и било од голема важност поради индустријата и требало тој потенцијал да се искористи.

Со задоволство граѓаните на Велење во 1981 година го прифатиле предлогот пред Велење на стои „Титово“, а тоа траело до прогласување на независноста на Словенија. Сепак, останале плоштадот на Тито, зелен парк и споменик на лидерот на СФРЈ.

Меѓутоа, откако Словенија прогласила независност, работите во ова место се измениле. Многу слики, споменици и се останато од СФРЈ е тргнато од јавните места.

Сега постои нов проект и инвестиција од 150.000 евра, во кој се наоѓа поместување на споменикот на Тито, а тоа ги подели жителите на овој град.

Тито го сакал премногу овој град

„Највисокиот Тито во светот“ е копија на споменикот од родниот град на претседателот на поранешната држава. Бронзената скулптура е висока шест метри, а е поставена по повод 57 роденден на лидерот на комунистите. Граѓаните со воодушевување прифатиле овој споменик да се најде во нивниот град.

Броз го сакал Велење, во кое бил четири пати, а последниот пат во 1969 го напуштил многу лут. Никој не знае која била причината за оваа лутина на маршалот.

Related Articles