Таткото на Мартин Јанушев: Ми отиде детето од…

 Breaking News

Таткото на Мартин Јанушев: Ми отиде детето од…

Таткото на Мартин Јанушев: Ми отиде детето од…
November 07
20:30 2017

„Немам зборови. Ми отиде детето од неранимајковци…“- sсо овие зборови се прости со својот син Мартин Јанушев, неговиот татко Бранислав, на неговиот ФБ профил.

Тој  постави и фотографија од вечниот дом на Мартин.

Погребот на свирепо убиеното момче беше извршен во неделата на градските гробишта ,,Бутел“ во Скопје.

Мартин Јанушев беше убиен на 03.11.2017 , пред влезот на зградата во која живееше, со неколку куршуми во главата и во вратот.

Докторите не успеаја да го реанимираат и по четириесетина минути откако беше донесен, прогласија смрт.

МВР врши интензивна истрага и потрага по убиецот и неговите соучесници.

МВР сеуште нема официјални информации дали е блиску до пронаоѓање на сторителите или сторителот, дали се во Македонија, дали доколку не се ќе распише потерница и сл.

 

Таткото на Мартин и самиот бил припадник на МВР и сега е во пензија.

Полицијата се уште трага по убиецот, нарачателот но и останатите вмешани во ликвидацијата на 28-годишниот Мартин Јанушев, кој викендот беше застрелан во скопската населба Аеродром.

Од МВР засега не споделуваат детали од истрагата, коментирајќи дека работат на расчистување на случајот. Сепак, неофицијално се шпекулира дека полицијата има детали за крвавиот настан, односно добро им е познат идентитетот на сите вмешани во убиството.

 

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment