Таен состанок под земја во Бондстил за Македонија и Балканот!

 Breaking News

Таен состанок под земја во Бондстил за Македонија и Балканот!

Таен состанок под земја во Бондстил за Македонија и Балканот!
August 24
12:41 2017

Случувањата во Македонија, кои се закануваат да го потресат целиот Балкан, не се нималку случајни, туку се дел од поширок план, чија крајна цел е Македонија да влезе во НАТО пактот – пренесува „Правда. На тој начин Србија и Босна и Херцеговина (односно Република Српска) ќе останат на ветрометина како последни земји во регионот кои не се определиле за влез во северноатлантската алијанса. Исвор близок до случувањата во Македонија за „Правда“ тврди дека се откриени документи кои сведочат дека минатото лето во Американската база Бондстил кај Урошевац е одржан состанко на кој до детали е испланирано се што се случува во Македонија.

– На тој состанок присуствувале високи функционери на американската администрација Викторија Нуланд и Брајан Хојт Ји. Тогаш е испланирано се што во последната година дена се случуваше во Македонија, почнувајќи од насилното формирање на влада на Заев и покрај изборниот пораз, Тиранската платформа, протестите и договорот со Бугарија. Останато е уште да се финализира планот за промена на името Македонија, влез во НАТО и добивање на датум за влез во Европската Унија – тврди изворот.

Меѓутоа, дека на нишанот не се наоѓа само Македонија пишува и американскиот магазин „Нешнл интерест“. Тие наведуваат дека една од метите може да биде Србија, која според нив биле во сфера на руското влијание.

Во оваа или онаа мера, сите тие земји се предмет на планови на Западот, кој вклучуваат и сериозни иницијативи на САД за распарчување на Србија и поврзување на Грузија и Украина во НАТО – истакнува авторот на текстот Роберт Мери и додава дека војната помеѓу Русија и САД е речиси неизбежна.

Како што се наведува во текстот, Западот досега не укажал на тоа каде би можеле да бидат ограничувањата за нивниот план за опкружување н Русија, а демонизациајта на рускиот претседател Владимир Путин од страна на американската интелегенција речиси е без преседан кога станува збор за мирнодопски прилики. Следат нови санкции против Русија, сакал Трамп или не, а ширењето на НАТО и западното мешање во ситуациајта во Украина ќе продолжи, истакнува тој, додавајќи дека за опкружувањето на Русија планот е „цврсто на сила“.

Related Articles