Страшна сообраќајка на патот Гостивар – Тетово, девојка итно пренесена на скопските клиники

 Breaking News

Страшна сообраќајка на патот Гостивар – Тетово, девојка итно пренесена на скопските клиники

Страшна сообраќајка на патот Гостивар – Тетово, девојка итно пренесена на скопските клиники
September 19
14:34 2017

Вчера во 17.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка Камењане, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Голф“ со косовски регистарски ознаки, управувано од У.Е. (49) од Косово, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.Ѓ. (31) од село Стајковци, Скопско и теренско возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р. (36) од Тетово.

 

 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.П. (25) од Скопје, сопатничка во патничкото возило „Мерцедес“. По укажаната лекарска помош во Клиничка болница Тетово, како итен случај, таа била префрлена во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

Related Articles