Спектакл во Прилеп: Еве кои ѕвезди ќе пеат на Пивофест 2016
Овогодинешниот Фестивал на пиво ќе претставува вистинско задоволство за сите посетители. Се повеќе се познати имињата на настапувачите кои ќе допринесат за што помасовен број на гости и пожешка атмосвера на 14-тиот фестивал на пивото и скарата. Освен познатата балканска ѕвезда Аца Лукас, на овогодинешниот фестивал на скарата и пивото во Прилеп, ќе настапи и македонското девојче Каролина Гочева, познатата ска- панк група од Белград „Самостални референти“, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, сигурни гости се и : незаменливите Bang La Decks, Crossroad Blues Band, Fly Project, познатиот реге изведувач Raphael, Дејан Петровиќ и секако Парни Ваљак.
Овогодинешниот Пивофест ќе трае од 14-ти до 17-ти јули и ќе биде уште поспектакуларен и попосетен од минатогодишните.
Повелете на Пиво фест во Прилеп