Служител со боксови го претепал директорот на основно училиште во Куманово

 Breaking News

Служител со боксови го претепал директорот на основно училиште во Куманово

Служител со боксови го претепал директорот на основно училиште во Куманово
December 01
12:46 2017

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 48-годишниот Е.Н. од Куманово кој бил вработен како хигиеничар во Основното Училиште “Бајрам Шабани” до април 2017 година кога самиот дал отказ.

Откако повторно сакал да се врати на работа, а директорот на училиштето, 49-годишниот Г.Р. од Куманово, не бил во можност да го врати на работно место.

Тој на 29. минатиот месец околу 11 часот, заедно со неговиот син дошол во училиштето, влегле во канцеларијата на Г.Р. и по кратка вербална расправија поранешниот хигиеничар почнал да го удира со тупаници во предел на глава и тело при што му нанел телесни повреди.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

Related Articles