Сите зборуваат за патриотското здолниште на Меланија (ФОТО)

 Breaking News

Сите зборуваат за патриотското здолниште на Меланија (ФОТО)

Сите зборуваат за патриотското здолниште на Меланија (ФОТО)
September 09
00:05 2017

Здолништето на Меланија е главна тема на модните магазини, зашто на совршено суптилен начин и оддаве почит на Америка за Денот на независноста и сето тоа спакувано во најголемиот тренд на сезоната.

Меланија, Доналд и нивниот син Бајрон го посетија Националниот голф-клуб „Трамп“ во Њу Џерси, а за оваа пригода Меланија носела тесна бела кошула и тесно карирано бело-црвено здолниште „Алтузара“. Витата става ја потенцирала со омилениот додаток – бели салонки од Кристијан Лобутин.

Новата модна магија на првата дама на САД ги воодушеви критичарите, но и патриотите и тоа од повеќе причини. Пред се, Меланија решила да облече здолниште во боите на американското знаме, но не го сторила тоа на невкусен начин, облекувајќи парче со американското знаме.

Освен боите, битен е и дезенот, зашто дезенот на ова здолниште е омаж на американските домаќинки од 50-тите години. Во комбинација со деловна кошула и големи очила јасно е дека Меланија знае акко да искомбинира ново и старо на најдобар начин.

Освен тоа, каро-дезенот е хит на оваа сезона, па оваа комбинација е вин-вин ситуација.

Related Articles