Сите се мажи: Колкумина се заразиле со ХИВ во Македонија за само 8 месеци

 Breaking News

Сите се мажи: Колкумина се заразиле со ХИВ во Македонија за само 8 месеци

Сите се мажи: Колкумина се заразиле со ХИВ во Македонија за само 8 месеци
September 26
20:22 2017

Дваесет и четири новозаразени со ХИВ се регистрирани за осум месеци оваа година во Македонија. Сите се мажи на возраст од 20 до 49 години. Според месечните извештаи на Институтот за јавно здравје најголем дел од новооткриените случаи се од Скопје, а има и од Прилеп, Велес, Гостивар.  

За три децении во земјава евидентирани се вкупно 340 лица со ХИВ/СИДА, 80 се починати, а 257 живеат со вирусот. Голем дел се на антиретровирусна терапија. Со овие бројки државата е со најниска стапка на инфицирани во Југоисточна Европа. Затоа после 13 години Глобалниот фонд повеќе нема да финансира превенција и лекување туку таа обврска од идната година треба да ја превземе Владата. Обезбедени се 103 милиони денари буџет за оваа намена.

 Финасирањето ќе биде прилагодено на македонските услови, а од министерството додаваат дека ќе бидат земени примери како тоа функционира во други држави бидејќи не постои универзален модел. 

Related Articles