Си го убил својот пријател во Битола на свиреп и подмолен начин поради алкохол

 Breaking News

Си го убил својот пријател во Битола на свиреп и подмолен начин поради алкохол

Си го убил својот пријател во Битола на свиреп и подмолен начин поради алкохол
January 28
21:01 2017

Педесет и тригодишниот П.А. од Битола е осомничен за убиство кое е извршено ноќта помеѓу 24 и 25 минатиот месец. Тој со тврди предмети му нанел смртоносни повреди на С.Д. (48) од Битола, со кого заедно живеел во куќа на улицата 4 Ноември во Битола. По убиството, тој тврдел дека биле нападнати додека спиеле, а тој едвај успеал да се спаси.

 Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола, заедно со екипа од МВР, изврши увид во руинирана куќа во Битола каде е најдено починато машко лице. Настанот е пријавен од страна на друг бездомник, кој заедно со сега починатиот престојувал во објектот.
-Од извршеното вештачење на подигнатите траги , констатирано е дека трагите пронајдени на пријавениот укажуваат дека истиот е можен сторител на убиството. По обдукцијата на телотот на починатиот констатирано е дека убиството е извршено на свиреп и подмолен начин, каде се нанесени видливи  повреди по главата и телото, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола

„При увидот на лице место, преземени се потребните дејствија во насока на расветлување на настанот и утврдување на причините за настапување на смртта. Kај лицето се најдени видливи траги на насилство.

Related Articles