Семејството Маријановиќ се служело со шифри – „Гужва е на пазарот, сите бараат домати„

 Breaking News

Семејството Маријановиќ се служело со шифри – „Гужва е на пазарот, сите бараат домати„

Семејството Маријановиќ се служело со шифри – „Гужва е на пазарот, сите бараат домати„
September 20
09:36 2017

Семејството Маријановиќ биле свесни дека полицијата ги прислушкува нивните разговори па затоа кога разговарале по телефон, тие користеле шифри.

Во своите разговри тие за убиство, го користеле зборот „пазар„ а за Јелена, зборот „домат„

Семејството цела година, преку шифри се договарале како да лажат.

Полицијата вели дека после секое сослушување, Зоран разговарал со својот брат и родители.Тие знаеле дека нивните разговори се прислушкуваат па затоа користеле шифри.

-Најпрвин ќе го викневме Зоран на сослушување, а неговиот брат ќе го оставевме за еден час подоцна. Штом заврши сослушувањето, тој веднаш ќе го повикаше брата си на телефон. Во текот на еден разговор Милош го прашуваше Зоран: Што кажа за пазарот, кога одевме на пазарење? Има ли нешто ново за доматите? на што Зоран одговарал на истите прашања со слични ускладени одговори. Беше очигледно дека користат шифри, зошто никој нормален после сослушување не разговара за пазар и за домати- вели извор за истрагата.

Идентична ситуација е забележана и после сослушувањето на родителите на Зоран.

-Во Март годинава, ги фати паника дека сите ќе ги уапсиме, па Владимир тогаш се јави на Зоран и му рече: „Гужва е на пазарот,сите и понатаму бараат домати„ на што Зоран одговорил:„Нема шанси, пазарот е празен, а домати нема останато„.

Related Articles