СЕ ОТКРИВА ВИСТИНАТА ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ: Македонски и Руски археолози работат на локалитетот „Билазора“
June 15
09:20
2016
Истражувањата на локалитетот Градиште кај селото Кнежје – БИЛАЗОРА 2016 се одвиваат во полн ек.
Во периодов заедно со работниот тим на Народен Музеј – Свети Николе и Филозофски факултет – Скопје / Институт по археологија се и професори и студенти од Универзитетот “Г. Р. Державин” од Тамбов, Русија.
Соработката помеѓу Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе и Народниот Музеј продолжува и понатаму, а веќе е готова и првата книга за Билазора – престолнината на независните Пајонци.
Гостите беа во неколку посети на Народниот Музеј, го посетија и градоначалникот на општина Свети Николе, а за време на престојот имаа и кабинетска настава, како и предавања за историјата на Овче Поле и Република Македонија.