„Пророкот“ на изборите во САД кој се погодува – Еве што кажа за Трамп

 Breaking News

„Пророкот“ на изборите во САД кој се погодува – Еве што кажа за Трамп

„Пророкот“ на изборите во САД кој се погодува – Еве што кажа за Трамп
December 03
22:31 2016

Американскиот политички историчар Ален Лихтмен, познат по тоа дека го предвидел изборот на неколку претседатели на САД тврди денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нејверојатно ќе биде сменет или сам ќе поднесе оставка.

Професорот на Американскиот универзитет во Вашингтон и редовен политички аналитичар на Си-Ен-Ен ова го изјави за турската агенција Анадолија.

Лихтмен на американската и светската јавност и е познат по методите, со кои точно го предвидел исходот на сите претседателски избори во САД од 1984 година.

Станува збор за модел кој го нарекува „Кис“ (Клучеви), со помош на кој ги предвидел победниците на претседателските избори во САД од 1984 до 2012 година, вклучувајќи ги и овогодишните на 8 ноември.

Лихтмен тврди дека кај предвидувањата се потпира на 13 „клучеви“, односно показатели врз основа на ефектите на партијата, која моментално ја „држи“ Белата куќа.

Тој прецизира дека доколку одговорот на шест прашања биде негативен, владејачката партија ќе загуби во трката за претседател.

Прашањата се однесуваат на успесите во економијата, социјалната состојба, надворешната политика, скандалите.

Иако моменталните показатели не укажуваат на тоа дека Трамп може да биде отповикан, Лихтмен вели дека тоа е негова нова прогноза.

– Мислам дека е можно Трамп да биде отповикан или сам да поднесе оставка на првата назнака на проблеми, за тоа постојат добри шанси. Не сум сигурен дека тој всушност ја сака одговорноста на претседател. Освен тоа цел живот игра брзо, ги крши законите, па тоа може да се преслика на неговиот претседателски мандат, оценува тој.

Related Articles