Прогноза за цела зима: Оваа сезона температурите нема да бидат како претходната
October 07
08:34
2017
Големиот минус во температурите кој нѐ дочека минатата зима, не би требало да се повтори и во претстојната сезона. Барем така прогнозираат меторолозите. Тие најавуваат дека оваа зима најниска температура ќе биде -6 степени и тоа на планините.
Според најавата на Националниот климатски центар оваа зима ќе биде блага.
Се очекува да има од 30 до 60 ладни денови во ниските предели, а на ланините 60 до 80 дена.
Што се однесува до снегот, оваа зима не се знае точно кога може да очекуваме снеч, но се најавува дека количината ќе биде просечна. Се проценува дека ќе има од 32 до 40 дена со снег, додека на планините до 50 дена. Судејќи по сѐ оваа зима ќе биде една од најтоплите зими.