Продавам бебе, цената е 5.000 евра!

 Breaking News

Продавам бебе, цената е 5.000 евра!

Продавам бебе, цената е 5.000 евра!
October 24
16:55 2016

На порталот за мали огласи на сајтот Ибеј на продажба е понудено бебе! Како што известува „Рајнише пост“ станува збор за девојче Марија на возраст од само 40 дена, за која се барале 5.000 евра.

Невкусниот оглас,кој е поставен во Дуисбург (Северна Рајна-вестфалија) е отстранет од сајтот по 30 минути, откако голем број кориснисци направиле скандал. Засеге не е познато дали станува збор за бизарна шега, или за сериозна понуда.asdasdas

Портпаролот на малите огласи на Ибеј изјавил дека компанијата истиот ден поднела кривична пријава.

– Многу ни е важно сторителот да одговара за своите постапки, дури и ако е во прашање само шега – рекол Пјер ди Боа.

зворВо меѓувреме е покрената истрага поради сомнение на трговија на луѓе, а како што известил сајтот за телевизија ВДР, полицијата веќе има двајца осомничени, а во прашање се бегалци.

Полицијата го предала бебето на згрижување на надлежните служби, а родителите се однесени на сослушување. Истрагата е во тек и сè уште не се знае кој го ставил огласот на Ибеј. Меѓутоа, потврдено е дека тоа не е направено од адресата на интернет на родителите.

Извор: www.blic.rs

Related Articles