Потпишан договор со германската компанија „СТС Текстајлс“, новата инвестиција отвора 1.000 работни места

 Breaking News

Потпишан договор со германската компанија „СТС Текстајлс“, новата инвестиција отвора 1.000 работни места

Потпишан договор со германската компанија „СТС Текстајлс“, новата инвестиција отвора 1.000 работни места
October 09
12:54 2016

Со почетна инвестиција од 4 милиони евра германската компанија „СТС Текстајлс“ влегува во Македонија. Најпрво ќе отвори 50 работни места, а според проекциите на компанијата бројката на нововработени ќе се искачи до 1.000 лица.

Министерот Џери Наумоф и управителот на германската компанија Маркус Туц денес го потпиша договорот за инвестирање во Велес.

Како што истакна Наумоф компанијата ќе започне со работа за една до две недели во реновиран објект, а произведениот индустриски текстил ќе се извезува во Полска, Франција и Германија.

Инвестицијата со германската компанија била договорена за околу една година.

234-234

Во фабриката во Велес ќе се работи со најсовремена опрема за плетење. Ова го гарантира управителот на компанијата. Тој додава дека ќе го остварат и даденото ветување за идни инвестиции. Ова е нивна прва инвестиција надвор од Германија.

Вицепремиерот Владимир Пешевски истакна дека во изминатите 10 години невработеноста во Велес е намалена за 50 проценти со тенденција за нејзино намалување како резултат на инвестициите и политиките кои ги спроведува владата.

На потпишувањето на договорот присутен беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Related Articles