Постои само една причина зошто шестмината ја преживееа авионската несреќа

 Breaking News

Постои само една причина зошто шестмината ја преживееа авионската несреќа

Постои само една причина зошто шестмината ја преживееа авионската несреќа
December 03
10:18 2016

Ниту едно место во авионот не е сигурно,  а сите кои го преживеа падот едноставно имале среќа, вели хрватскиот експерт Динко Водановиќ.

Тој вели дека во оваа авионска несреќа некои патници преживеале биејќи теренот ги акумулирал дел од ударите. Авионот се распаднал, но очигледно дека една цела секија од авионот излетала надвор со седиштата, пренесува Јутарен лист.

Тоа ги спасило патниците бидејќи смртноносните удари биле ублажени, но за жал останатите патницит биле изложени на тоа.

– Обично сите мислат дека најезбедно е да седите во близина на опашот, но тоа не е точно. Да се потсетиме само на Боингот 777 во Сан Франциско во 2013 година кој со опашот удри во пистата и загинаа патниците кои седеа во близина на опашката. По сите овие години работа со сигурност можам да кажам дека преживување на пад на авион исклучително станува збор за среќа, додава експертот.

Но, вели едка треба да имате на ум дека во воздухопловстворо навистина се води сметка за сигурноста на патниците. од сите превозни сретства, токму во авионите има најголема бебзедност. Нрепекинато се обавуваат технички надзори над авионите каде се контролира работата на системот, но и исправноста на деловите. Пред секое влегување на патникот во авионот механичарите извршуваат преглед и тоа на секој дел од авионот. Освен тоа редовно на секои два -три дена, зависно од тоа колку авионот долго лета, се носи на повеќечасовна проверка на работата на сите делови.

– Се следат сите трендови и развој на технолоигијата па се се применува во авионите. Повеќе не се користи челик, туку друг материјал кој подобро го поднесува оптеретувањето и турбуленциите. патниците тоа можеби не го знаат и не го забележуваат, но експертите секој ден даваат се од себе за патниците да патуваат безбедно. Секој ден илјада патувања минуваат нормално, но за жал кога ќе се случи несреќа сите почнуваат да прашваат дали авионскиот превоз е најбезбеден, вели експертот.

Related Articles