Половина Европа без интернет – засега не се знаат точните причини за дефектот

 Breaking News

Половина Европа без интернет – засега не се знаат точните причини за дефектот

Половина Европа без интернет – засега не се знаат точните причини за дефектот
June 20
15:51 2016

Паднат е голем дел од интернетот низ Европа, јавуваат светските медиуми.

Дел од најпопуларните апликации во светот, како WhatsApp, Reddit и Slack имаат проблеми, односно тие се бавни, или целосно не функционираат за голем број корисници.

Проблемите се поврзуваат со Cloudflare, веб-страница која помага да се праќаат информации низ интернетот. Компанијата врши испорака на содржини до мрежни сервиси и други бизниси, што значи дека помага во одржување на индустријата која служи информации на луѓето кои посетуваат одредени веб-страници.

На официјалната страница на CloudFlare се вели дека проблеми има низ цела Европа и дека работат на нивно решавање.

Сепак, не е сигурно дали само оваа компанија е причина за проблемите. Постојат сомнежи дека причините за падот на интернетот се и поради серверите на Амазон, кои исто така, му помагаат на голем дел од интернетот.

Related Articles