Погледнете ги овие необјасниви снимки – Вака изгледале страшните нуклеарни тестови за време на ладната војна!(Видео)
Националната библиотека на Ливермор од Калифорнија објавија колекција од 60 снимки на американски нуклеарни тестови кои досега не се видени во јавност.
Снимките покажуваат моќно наоружување со кои може да се уништел светот во случај да тргнела ладната војна во погрешен правец.
Може да се видат тестови кои се правени од 1945-та до 1962-та година во време кога САД и СССР пробувале се посилни и помоќни системи на нуклеарно наоружување.
Физичарот Грег Спригс планира да анализира и дигитализира околу 10.000 видеа кои прикажуваат околу 210 нуклеарни тестови.
„Јавноста има право да ги види овие снимки. Не само да ја чуваме историјата, туку да добиеме подобри одговори на нашите прашања.“
Направените снимки покажуваат тестирања во пустината НЕвада и на островите на Пацификот, вклучувајќи ги и операциите Доминик, Хардтрек, Редвинг и други.