По пролетните температури, нов поларен бран во Македонија: Силен ветер снег и дожд, ова се температурите вечерва

 Breaking News

По пролетните температури, нов поларен бран во Македонија: Силен ветер снег и дожд, ова се температурите вечерва

По пролетните температури, нов поларен бран во Македонија: Силен ветер снег и дожд, ова се температурите вечерва
February 19
23:15 2019

Поларен Руски бран ќе биде кривецот за драстичната промена на времето овој викенд, односто температурите ќе бележат пад дури за 10 до 15 степени во однос на сегашните.

Во петок ќе има локални врнежи од дожд и снег на планините а поради овој продор ќе започне да дува засилен северен ветер, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Веќе во текот на ноќта кон сабота како и во сабота ќе има локални врнежи од снег и на пониските места, врнежите ќе бидат претежно со слаб интензитет а ќе продолжи да дува засилен до СИЛЕН аветер од северен правец кој локално на моменти ќе достигнува брзина до околу 80 км/час.

Особено студен ден ќе имаме во сабота кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени.

Додека поради разведрувањето многу студено утро ќе имаме во недела со минамални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -4 степени додека на некои места истите има услови да се спуштат и до околу -15 степени.

Овој бран ќе се задржи и на почетокот од следната недела што значи по ова вистинско пролетно време граѓаните да се припремат за нова нагла и огромна промена на времето и за вистинска зима.

Ова е температурата во Македонија вечерва:

Related Articles