Пентагон сака да го освои „подземниот свет“(Видео)

 Breaking News

Пентагон сака да го освои „подземниот свет“(Видео)

Пентагон сака да го освои „подземниот свет“(Видео)
January 04
12:07 2018

Човештвото ги освои скоро сите места на земјата во текот на годините. Од опасни мориња до највисоките планини, нашата цивилизација има контрола скоро на секој агол од Земјата.

Според најновиот воен проект на DARPA(Агенција за напредни истражувачки проекти за одбрана). Новата иницијатива е да се развијат системи кои ќе помогнат за истражување на однесувањето на подземните мрежи.

„Една од последиците за зголемување на светската популација и урбанизацијата е потребата за повеќе простор за живеење, кој ги создава истражувањата и напредокот на подземната инфраструктура многу интересни.“, вели Тимоти Чунг, директор на тактичката технолошка канцеларија на DARPA.

Пентагон стартуваше сосема неочекуван предизвик за истражувачите.

Наречена „Подземен предизвик на Агенција за напредни истражувачки проекти за одбрана “, таа има за задача да истражува нови можности во следење, навигација и истражување на подземната околина.

Директорот на ТТО, Фред Кенеди изјави:

„Ние сме во точка каде што развојот на роботиката, автономијата и биолошките системи кои ни дозволуваат да ги истражиме подземните делови кои се многу опасни за луѓето.“

Тие кои се заинтересирани во предивикот ќе треба да решаваат екстремни проблеми како помагање на луѓе во непознат простор.

Related Articles