Падна првиот снег на Балканот, утре студено утро и релативно свеж ден!
Невообичаено студениот воздхух за овој дел од годината веќе започна да се спушта од североисточна Европа кон Балканскиот Полуостров.
Токму ова денес предизвика на планинските места во соседна Србија да падне и првиот снег за оваа сезона.
Невообичаено студениот воздух над Балканот ќе се задржи подолго време.
Зошто дојде до спуштање на ваков невообичаено студен воздух за овој дел од годината: Над Скандинавија се воспостави многу силен Антициклон, сето ова кај нас предизвикува слободно од североситчна Европа да се спушта многу студен воздух, невообичаен за овој дел од годината.
Утре (06.10.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и релативно свежо со умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец кој на некои места, особено во Пелагониско повремено ќе се засилува.
Утрото ќе биде студено со минимални температури кои ќе се движат во интервал од 0 до 9 степени, на највисоките планински места не се исклучува температурите да паднат под 0 степени.
Релатнивно свежо време ќе имаме и во текот на денот кога максималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 21 степен.
Доста свежо време ни следува па затоа каде и да одите со себе понесете си потопла облека.
Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!