Ова биле последните зборови на Принцезата Дајана додека крварела во возилото

 Breaking News

Ова биле последните зборови на Принцезата Дајана додека крварела во возилото

Ова биле последните зборови на Принцезата Дајана додека крварела во возилото
September 01
10:30 2017

Серж Ксавиер Гурмелон, сега на 50 години, признава дека бил сигурен дека принцезата на Велс ќе преживее откако тој откако ѝ укажал прва помош во тунелот во несреќата на 31 август 1997-ма. Тој бил одговорен за тимот обучен за да обезбеди медицинска нега.

Тој ја извлекол 36-годишната принцеза од автомобилот и почнал да и прави масажа на срцето.

-“Мислев дека ќепреживее. Автомобилот беше целосно смачкан. Жената што ја забележав подоцна беше на подот во задниот дел. Таа беше жива.

Имаше мала рана на нејзиното рамо, но ништо друго не беше забележано. Ја држев, и реков да биде мирна. Таа ме праша: “Боже, што се случило?” Колку што знам, во амбулантното возила таа била жива. Таа почина подоцна во болница “, вели човекот.

Принцовите Вилијам и Хари ќе ѝ оддадат почит на мајка си принцезата Дијана денеска – ден пред 20-годишнината од смртта во сообраќајна несреќа во Париз, јави Ројтерс.

Двајцата браќа ќе се сретнат со претставници на добротворни друштва, поддржани од принцезата Дијана, во палатата Кенсингтон – нејзина поранешна резиденција и нивен актуелен дом.

Две децении по смртта на 31 август 1997 година името на Лејди Ди повторно е на насловните страници. Нови откритија за личниот живот и куп телевизиски документарни филмови се појавија околу датумот на годишнината од смртта.

Принцовите Вилијам и Хари дадоа свој придонес за некои од документарните продукции, но за разлика од претходните години ќе го одбележат датумот повеќе дискретно. На самиот ден на годишнината тие ќе се “оддадат“ на мајка си насамо.

Денес, пред да се состанат со претставници на поддржаните од принцезата Дијана добротворни друштва, принцовите Вилијам и Хари ќе се вклучат во обиколка на една од градините на палатата Кенсингтон, привремено трансформирана во спомен на Лејди Ди. Во т.н. Бела градина се засадени бели англиски рози и незаборавки

Related Articles