Отворен комплексот „Македонско село“ – Македонската традиција и култура на едно место
June 22
21:32
2016
Новата туристичка атракција „Македонско село“ лоцирана во село Нерези денеска и официјално е отворена за посетителите.
„Македонско село“ е комплекс изграден во традиционален дух на македонската архитектура од 19-ти и 20-ти век. На површина од 12.000 м2 комплексот е составен од шеснаесет автентични куќи со сместувачки капацитет од 100 гости.
Селските куќи се изградени по ликот на куќите од различни географски подрачја на Македонија и тоа: куќа од Битола, Велес, Прилеп, Галичник, Рекански крај , Кратовска, Беровска, куќа од Делчево, Куманово, Тетово и од Скопска црна гора.
Посетителите ќе можат да уживаат во богатите вкусови на македонска храна и амбиент во трите ресторани кои нудат различна гастрономска понуда.