Откриени нови мрачни тајни на вселената – Во центарот на нашата галаксија има црна дупка 4 милиони пати поголема од сонцето, а тоа не е се!

 Breaking News

Откриени нови мрачни тајни на вселената – Во центарот на нашата галаксија има црна дупка 4 милиони пати поголема од сонцето, а тоа не е се!

Откриени нови мрачни тајни на вселената – Во центарот на нашата галаксија има црна дупка 4 милиони пати поголема од сонцето, а тоа не е се!
December 26
16:44 2017

Голема структура со должина од 2.3 светлосни години во близина на супермасивната црна дупка наречена Стрелец А ги збунува астрономите.

По се изгледа дека во центарот на нашата галаксија, на околу 26.000 светлосни години од Земјата, лежи супермасивна црна дупка наречена Стрелец А и тоа не е единствено чудовиште во вселената.

Иако астрономите не знаат што е големата структура која се наоѓа во нејзина непосредна близина, сепак тие успеаа да направат слики од неа.

Во текот на 2016-та година, Фарад Јусеф-Заде од северозападниот универзитет, пријавил откритие на необичен „филамент“ во близината на млечниот пат.

Сега, една година подоцна, вториот тим на астрономи ја искористил најновата техника за да направи најквалитетна слика од оваа структура.

„Со нашата подобрена слика, сега може да го следиме подобро овој филамент во близина на црната дупка. “, изјави Марк Морис од универзитетот Калифорнија.

„Меѓутоа, имаме многу работа за да ја дознаеме неговата вистинска природа.“

Постојат три теории, а првата е дека тоа е масивна структура производ предизвикан од честичките со голема брзина кои се исфрлени од супермасивната црна дупка.

Црната дупка може да произведе вертикално ротирање на магнетното поле кое се приближува или дури намотува во хоризонтала.

Втората можност е дека тоа е вселенски ланец од теоретски сеуште неидентификувани објекти, кои се долги и тенки.

Третата теорија е дека положбата и правецот на филаментот кој е прилагоден со црната дупка е само случајно преклопување и дека не постои вистинска поврзаност помеѓу нив. Со други зборови, дека тука нема ништо.

„Иако сеуште немаме одговор, патот до неговото пронаоѓање е фасцинантен. Овој резултат е мотивирање на астрономите за изградба на следната генерација на телескопи со најнова технологија.“

Related Articles