ОДРОН НА ПАТОТ: Прекин во сообраќајот на патот кон Битола, опасност за излевање на Црна река-ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Обилните врнежи и истекувањата на водите можат да предизвикаат појава на свлечишта и одрони

 Breaking News

September 07
23:50 2016

Поради одрон на патот од 21:20 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А-3, Ресен-Битола- Прилеп, информираат од АМСМ. Одронот е во близина на Битола поради што, сообраќајот се пренасочува низ градот. На останатите места сообраќајот се одвива по влажни коловози без застои и ограничувања, освен онаму каде се изведуваат градежни работи.

Во 20:00 часот добиени се податоци од станиците во сливот на р.Црна, и тоа од ХС Боротино на р.Боротинско Блато, каде е забележано покачување од 50 cm и од ХС Новаци на р.Црна каде е забележано намалување од 10 cm. Во северо-западните, западните, јужните и централните делови и понатака се очекуваат високи водостои. НАЈАВА: можна е појава на локални излевања: делови од полошко, кичевско, поречанско, дебарско, струшко, охридско, пелагониско, крушевско, сливовите околу планините Ниџе, Кожуф, Јакупица гевгелиско, валандовско, западната страна од повардарието и на други места. Во рамниците ќе има појава на заезерувања. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Обилните врнежи и истекувањата на водите можат да предизвикаат појава на свлечишта и одрони.

м-р Васко Стојов дипл.град.инж.-хидро
Раководител на Одделение за
хидрологија на површински води

Директор
м-р Оливер Ромевски

Related Articles