Неверојатна исповед на актерка – Мајка ми ме носеше на журки, на 11 станав алкохоличар, на 12 зависник од дрога, а на 13 ги исеков вените!

 Breaking News

Неверојатна исповед на актерка – Мајка ми ме носеше на журки, на 11 станав алкохоличар, на 12 зависник од дрога, а на 13 ги исеков вените!

Неверојатна исповед на актерка – Мајка ми ме носеше на журки, на 11 станав алкохоличар, на 12 зависник од дрога, а на 13 ги исеков вените!
December 29
12:39 2017

Актерката денес има 2 деца и одамна зад себе ја остави проблематичната младост која за малку ќе и го одземела животот.

Таа во моментов е друга личност и живее здрав живот и се посветила на своите ќерки Оливи и Френки.

Холивудската актерка Дру Баримор била сензација кога во 1982-та година се појавила во филмот „E.T“ од Стивен Спилберг. Имала само 7 години.

Во интервјуто кое го дала за еден магазин, таа открива дека мајка и Џејд ја облекувала како 80-годишна старица и дека постојано ја носела во град.

„Кога имав 6 години, мајка ми ме облекуваше како 80-годишна жена. Ниту една слика од тој период не е направена дома. Не е моралнод а имам такви слики, но скоро никогаш не бев дома. Секогаш бев надвор.“

Родителите во првата реклама ја пуштиле на само 11 месеци, а во 7-та година била филмска ѕвезда, на 11 станала алкохоличарка, а на 12 години зависна од дрога. На 13 години таа ги исекла вените и била хоспитализирана и конечно во 14-та година таа законски повеќе не била зависна од родителите.

Во 7-та година кога го снимила филмот, нејзините мајка и татко биле во војна. Се развеле кога таа наполнила 9 години и мајка и Џејд тогаш почнала да ја носи во клубот Студио 54, каде што се „запознала“ со дрогата.

Кога сфатила дека ќерка и ќе умре ако продолжи така, Џејд ја однела во психијатарска болница каде што била затворена една и пол година. Доаѓала само од време на време. Таму лекарите и рекле таа да побара од судот повеќе нејзината мајка да не биде нејзин старател.

Related Articles