Мистериозното убиство на Изабела: Кој, кога и зошто ја убил младата Србинка, а потоа ја оставил во шума?
Обична девојка, среќна со секојдневниот живот, излегува со двајца мажи во кафуле, а потоа наеднаш исчезнува, по што и се губи секоја трага.
Во ноември минатата година исчезна 20-годишната Изабела Тодоровиќ. Сега конечно се откри оваа мистерија, а за жал младата девојка е мртва. Лабораториските истражувања го открија идентитетот на трупот кој беше завиткан во тепих и беше најден во длабочините на шумата Тургај, Швајцарија.
Телото кое беше пронајдено во шумата Тургау е на Изабела Тодоровиќ од Турги. Ова е потврдено денес од страна на полицијата. 20-годишната девојка не била видена со месеци.
Мајката му се молеше на Бог да не биде тоа нејзината ќерка
Полицијата зема примерок од ДНК на мајката на девојката, Виолета Тодоровиќ за да се утврди идентитетот на телото. Родителите, како и нејзините браќа и сестри се надеваа до неодамна дека ова не е Изабела, но за жал резултатите го покажаа спротивното.
Пред неколку денови мајката со солзи во очите даде интервју за медиумот „Блик“.
„Јас се молам на Бог и се надевам дека ова не е мојата ќерка“
За жал, семејството доби тажна вест, а тоа е дека нивната ќерка е мртва.
Како починала 20-годишната девојка не е познато, а во извештајот се вели:
„Ние во моментов ги разгледуваме сите можности. Како, кога и каде е убиена девојката е сеуште не познато. Понатамошната истрага треба да ги потврди тие детали“, вели Марио Кристен од полицијата во Турги.
За мистериозната смрт на Изабела е формирана група од специјалисти. Ова не е ништо необично, барем така тврди Кристен.
„Во ваков случај мора да се направи темелна истрага со специјалисти, кои ќе може да ја завршат истрагата поуспешно“, објаснува Кристен.
„Јас брзо сфатив дека има некој таму“
Сопственикот на шумата, Манфред Хунзикер ја пронајде мртвата Србинка завиткана во зелен тепих.
Најпрво тој помислил дека станува збор за отпадок, но кога се доближил забележал нешто друго.
„Кога се приближив, стана јасно дека некој има во него. Видов нечија коса“, по што сфатил дека станува збор за беживотен труп, па повикал полиција.
Сопственикот на шумата не кажа што се случило понатаму и открива:
„Кога ја известив полицијата, тие пристигнаа за помалку од пет минути, но не можеа да заклучат ништо повеќе и потврдија дека е мртва“
Тепихот бил оставен пред Божиќ
Манфред Хунзикер по овој настан побарал помош од психијатар.
Тој тврди дека се уште не е како што треба.
„Треба добро да размислите кога ќе пронајдете мртво тело во својата шума“
Полицијата во моментов претпоставува дека тепихот и телото за време на Божиќ биле оставени во шумата и таму останале долго време. Ова е потврдено од страна на неколку луѓе, кои исто така го виделе тепихот.