Mакедонците не го сакаат ниту Tрамп, ниту Путин за свој лидер (Анкета)

 Breaking News

Mакедонците не го сакаат ниту Tрамп, ниту Путин за свој лидер (Анкета)

Mакедонците не го сакаат ниту Tрамп, ниту Путин за свој лидер (Анкета)
February 01
07:47 2018

Македонските граѓани повеќе го преферираат Владимир Путин за лидер на Македонија наспроти Доналд Трамп, но најголем дел не сакаат ниеден од нив да ја води државата, покажуваат резултатите од истражувањето „Глобално лидерство“ на Галуп Интернешенел.

На прашањето за избор на лидер за Македонија помеѓу Путин и Трамп, 29 отсто од испитаниците се одлучиле за Рускиот претседател наспроти 18 отсто кои би го поставиле претседателот на САД.

Сепак, 46 отсто од анкетираните се определиле за таканаречениот кандидат „наспроти двајцата”, односно не би го поставиле ниту Путин ниту Трамп за лидер на Македонија.

На прашањето, пак, која земја треба да биде глобален лидер, секој четврти испитаник во светот, односно 25 отсто, се изјасниле за заедничко Американско-Руско лидерство, 19 отсто се определиле само за САД, а најголем број 43 отсто не сакаат никого како водечка сила.

Во Македонија, 26 отсто од граѓаните сакаат тоа да бидат заедно САД и Русија. САД ги преферираат 22 отсто од анкетираните, а најмногу 44 отсто не сакаат ниту една земја да биде светски лидер.

Related Articles