„Ленд Ровер“ излетал од патот – едно лице загина во сообраќајка во Галичник
August 22
12:00
2016
Од полицијата за Телеграф потврдија дека несреќата се случила на патот од селото кон хотелот „Неда“
Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што вчера околу 9:45 часот се случила во Галичник. Од полицијата за Телеграф потврдија дека несреќата се случила на патот од селото кон хотелот „Неда“ кога 74-годишниот З.Д. од Маврово управувајќи „ленд ровер“ излетал од патот во бездна, удрил во потпорен ѕид и застанал на пат што води кон Долно маало во селото.
На самото место животот го загубил возачот, а со тешки повреди се здобил сопатникот М.Р. (37) од селото Присојница, кој по укажаната лекарска помош во гостиварската болница е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на местото извршиле полициска екипа и јавен обвинител.