Крвав Св.Никола во БиХ: На денот на куќната слава син ја уби мајка си, па се самоуби

 Breaking News

Крвав Св.Никола во БиХ: На денот на куќната слава син ја уби мајка си, па се самоуби

Крвав Св.Никола во БиХ: На денот на куќната слава син ја уби мајка си, па се самоуби
December 20
02:29 2017

Миодраг Лубура (40) минатата ноќ ја убил својата мајка Славка (75) во место близу Бјељина во БиХ, а потоа извршил самоубиство.

Убиството и самоубиството биле извршени со огнено оружје.

Како што пишуваат медиуми, денес семејството требало да ја прослави славата Св. Никола. Соседите велат дека во семејниот дом живееле само мајката и синот.

-Беа финансиски стабилни, нормални луѓе, добри соседи. Во шок сме, рекол еден од соседите.

Според неофицијални информации, Миодраг контактирал роднина од Австралија откако ја убил мајка си и му кажал дека ќе изврши самоубиство.

Роднината веднаш пријавил во полиција, по што екипи излегле на терен, но веќе било доцна. Полицајците ги нашле безживотните тела на синот и мајката.

Related Articles