Кирацовски: Работата на дедо ми во ЕЛЕМ не е некоја солидна работа со која може човек да се пофали

 Breaking News

Кирацовски: Работата на дедо ми во ЕЛЕМ не е некоја солидна работа со која може човек да се пофали

Кирацовски: Работата на дедо ми во ЕЛЕМ не е некоја солидна работа со која може човек да се пофали
February 13
17:00 2019

Таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ. Борче Поповски работи во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”.

Ова за ТВ 24 го потврдија и од ЕЛЕМ и Кирацовски кој сепак тврди дека тој е ангажиран преку приватна агенција и дека тоа е посебна фабрика, која не е ЕЛЕМ.

„Не е точно. Таткото на мојата сопруга е вработен во ДООЕЛ ФОД-Фабриката за опрема и делови преку приватна агенција за вработување. Претходно работел во фабриката Киро Дандаро, а сега работи во алатницата на фабриката за опрема и делови“ – изјави Кирацовски.

На прашањето дали имал влијание за вработувањето на неговиот дедо, Кирацовски одговори:

„Со индигнација ги отфрлам грубите инсинуации и алудирањето дека како функционер сум го вработил. Не е ни некоја солидна работа со која може да се пофали човек“ – одговори тој.

Од ЕЛЕМ за ТВ24 потврдија дека лицето Борче Поповски е вработено во ЕЛЕМ во ФОД ДООЕЛ – Новаци.

Related Articles