Ќерката на Заев објави фотографија од скапиот ски-центар: 6.000 евра на ден за скијачкиот луксуз на Заев (ФОТО)

 Breaking News

January 16
15:45 2018

И додека граѓаните се гушат во токсичен воздух за кој власта нема решение, а пратениците гласаат за двојазична држава, амнестија на 600 криминалци и ратификување на договор со Бугарија со кој се негира Македонската историја, јазик и култура – Зоран Заев ужива во снегот и чистот воздух во еден од најскапите и најмонденски ски центри во светот Вал Гардена во Италија, пишува порталот Инфомакс.

Вал Гардена е најдобриот, најмонденскиот и најскапиот ски центар во Италија. Најдобриот комплекс во кој е сместен и Заев има 1.200 километри ски патеки од 18 различни типови, кои ги користи за уживање и светскиот џет сет.

Како што може да се забележи од фотографијата која на социјалните мрежи ја објави ќерката на Заев, семејството на претседателот на СДС ги користи услугите на „Доломити Супер Ски“.

-Просечна цена на хотелска соба за ден се движи од 250 евра па нагоре, додека ски-карта чини околу 300 евра. Или што би се рекло само ски-билет чини 6000 евра за четири лица, не вклучувајќи го обезбедувањето, кое нормално се плаќа од џебот на народот, пишува Инфомакс.

Related Articles