Како може да ве шпионираат преку мобилните телефони?

 Breaking News

Како може да ве шпионираат преку мобилните телефони?

Како може да ве шпионираат преку мобилните телефони?
October 23
17:46 2017

Веб страниците можат да влезат во телефоните на корисниците, следејќи ја нивната батерија и да ја искористат за да ги шпионираат на интернет. 

Телефоните испраќаат информација за тоа уште колку од нивната батерија преостанува и колку време е потребно за да се наполни. 

Смислено е како начин за веб страниците да се прикажуваат во полесна верзија која троши помалку батерија. 

Но, истата таа можност може да се искористи за хакери да ги следат телефоните како што се движат низ интернет мрежата, открија истражувачите. 

Се користи за телефоните да се шпионираат како што се движат на различни веб страници.

 Со тоа се овозможува пребарувањето да биде хакирано и потенцијално да крадат од корисникот на телефонот.

Проблемот е во тоа што информациите кои ги дава батеријата на телефонот може да се употребат за точно да се идентификува секој телефон. Има 18 милиони различни комбинации на батерии за телефон и преостанато време, кои телефонот може да ги испрати. Кога истата комбинација се појавува на повеќе страници, телефонот е идентификуван. „Дополнително, некои компании може да ја анализираат можноста од монетаризирање на пристапот до нивото на батеријата“, пишува Лукаш Олејник, истражувач на сајбер безбедноста. 

„Кога батеријата е речиси празна, луѓето можат да бидат подобни на поразлични одлуки. 

Во такви услови, корисниците би се согласиле да платат повеќе да одредена услуга“, вели тој. 

Тоа во теорија е веќе видено со Убер, компанија за превоз која откри дека корисниците плаќаат повеќе за возење ако нивната батерија е при крај

Related Articles