Kaде има најголем процент на kopупција во државава според државната комисија за спречување на kopупција

 Breaking News

Kaде има најголем процент на kopупција во државава според државната комисија за спречување на kopупција

Kaде има најголем процент на kopупција во државава според државната комисија за спречување на kopупција
August 19
21:41 2019

Државната комисија за спречување на kopупција посочува дека со неодамнешните измени во Законот за укажувачи во изминативе неколку месеци е зголемен бројот на лица претежно од јавни институции, претпријатија и слично кои пријавиле некаков вид на kopупција.

Претседателката на ДКСКС, Билјана Ивановска посочува дека 12 предмети се во завршна фаза и наскоро треба да излезат во јавноста.

Ивановска пред неколку денови во Велес учествуваше на семинар со невладиниот сектор во организација на Цивил, а на кој се говореше како институциите, медиумите и граѓанскиот сектор заеднички да се борат против kopупцијата во државата.

Според Ивановска со измените на овој закон, граѓаните се заштитени и ги охрабрува да не се плашат и до ДКСК да пријават секаков вид на kopупција.

Појасни дека согласно законот, има цела процедура која ДКСК ја усвоила за работата со укажувачи, како и дека има овластено лице што работи со укажувачи.

Комисијата не е запозната ниту кои се тие ниту што пријавуваат, се до одредено ниво додека овластеното лице не го обработи предметот и ги собере сите податоци.

Тогаш ме известува мене како претседател на ДКСК за понатамошниот тек од постапката, дали треба да се земе или да се отфрли пријавата.

Кога ќе утврдиме дека има елементи само во соработка со мене како претседател се договараме кој чекор да се превземе понатаму, информира Ивановска.

Воедно образложи дека не може да открива за какви случаи станува збор, бидејќи се од укажувачи и дека се во завршна фаза и ниту еден од нив се уште не излегол во јавноста.

Потенцира дека не може да се открива кои се тие лица, а за кои појасни дека се од јавни институции, претпријатија и слично.

Ивановска информира дека кога ќе заврши целата постапка тој предмет ќе биде разгледан на седница на ДСКС и ќе се каже како предмет по сопствена иницијатива и никаде нема да се спомне укажувачот.

Ивановска на семинарот, потенцира дека треба да се подигне јавната свест на граѓаните и институциите за да се намали корупцијата во државата.

Потсети дека во согласност со Законот има авктивна и пасивна kopупција односно нудење и давање на потkуп, за завршување на некоја работа.

Граѓаните ако се баратели на услугата доколку им се побара коруптивен надоместок не треба да потклекнат и тоа треба да го пријават со нивна пријава или како укажувач, бидејќи секој вработен од институциите е платен за работата што ја врши. Воедно потенцирам дека тие се целосно заштитени со анонимната пријава, појасни Ивановска.

Потенцираше дека сите укажувачи ќе бидат заштитени од соработка и со нив и најави дека ДКСК ќе работи со службените лица од институциите, со цел преку обуки да ја јакне личната и институционалната свест кај нив.

Ивановска беше децидна дека функционерите не треба да имаат привилегии, тука да се укинат како што според неа треба да се укине и апанажата.

Информира дека анализата за 180 инститиции е во тек и најави дека наскоро ДКСК ќе излезе со податоци за тоа колку функционерите ја чинат државата.

Посочи дека со нивните анализи и со анкетите со граѓаните е потврдено дека најголема процент на kopупција има во судството преку вработувања и носење на наменски судски одлуки.

Според неа судството е најслабата карика во општеството и посочи дека судиите со точни пресуди треба да ги доведат во ред работите.

Според гласање на присутните од невладиниот секотор на семинарот, прво место по kopупција во државата има при вработувањето, на второ место се тендерите за јавни набавки, а на трето медиумите.

Следат политичкото финансирање, привилегиите, субвенциите и социјалната правда. Невладиниот сектор, според гласањето се најде на осмото последно рангирано место по kopумпираност во државата.

Related Articles