Hoви модерни и дигитални членски книшки на CДCM, тимови ќе посетуваат членови

 Breaking News

Hoви модерни и дигитални членски книшки на CДCM, тимови ќе посетуваат членови

Hoви модерни и дигитални членски книшки на CДCM, тимови ќе посетуваат членови
January 18
21:14 2021

Пребројувањето“ на членството почнува во пресрет на првите непосредни внатрепарт иски из бори за лидер на СДСМ, најавени за напролет, кога истекува вториот мандат на Зоран Заев на чело на парт јата.

СДСМ започнува постапката за ажурирање на членството и активна регистрација на секој член, согласно точно одредена процедура и рокови за реализација на постапката која ќе трае до 25 февруари, соопштува генералниот секретар на парт ијата Љупчо Николовски, во видео-обраќање до члендството.

Опишувајќи ја процедурата за ажурирање на членството во СДСМ, Николовски сооопшти и дека процесот ќе заврши со издавање нови членски книшки, односно дека досегашните хартиени книшки ќе бидат заменети со, како што вели, модерни – дигитални.

Постапката во СДСМ почнува денеска од најмалите организациони единици на па тијата, месните одбори.

Тимови од месните одбори ќе го посетат секој наш член, ќе разговараат ширум татковината, секако почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот.

Понатаму постапката продолжува во комисиите на општинските организации, па се до највисоките парт ски органи и до Централниот одбор.

Целосно транспарентно и одговорно.

Активната регистрација ќе може да се реализира и преку самостојно онлајн пријавување, во електронска форма.

Ваквиот, современ, транспарентен процес ќе го заокружиме со издавање на нови, модерни електронски членски картички, перонализирани за секој член на пар тијата.

Досегашните хартиени ќе ги замениме со нови, дигитални“, вели Николовски во видео-обраќањето.

Related Articles