Heвpeме проследено со дожд, грмотевици, еве каде врни најмногу

 Breaking News

Heвpeме проследено со дожд, грмотевици, еве каде врни најмногу

Heвpeме проследено со дожд, грмотевици, еве каде врни најмногу
August 19
16:57 2020

Времето денеска спред УХМР е Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. T= 29 °C, P= 974 hPa, U= 46 %, V= 5 m/s.

(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 12 Кр. Паланка, 4 Гевгелија, 2 Струмица, 1 Дебар, Тополчани.

Утре уште од претпладне ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоките места. Од утре следува и период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. По викендот повторно ќе биде нестабилно.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Уште од претпладне ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоките места.

Во текот на изминатата ноќ најмногу дожд наврна во Крива Паланка, и тоа 12 л/м2 воден талог. Сето ова е поради продорот на влажна и нестабилна воздушна маса која од Косово навлезе во Македонија, соопштува метеорологот Славчи Попоски.

Денес од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите има услови да бидат интензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималната дневна температура ќе се движи во интервалот од 25 до 32 степени.

Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Што се однесува до атмосферата, истата целосно ќе се стабилизира па така од утре па натаму следуваат неколку денови со стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на пораст, и за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Related Articles