Hа местото од Оливер Спасовски доаѓа Славјанка Петроска, а за Мила Царовска е констатирана оставка

 Breaking News

Hа местото од Оливер Спасовски доаѓа Славјанка Петроска, а за Мила Царовска е констатирана оставка

Hа местото од Оливер Спасовски доаѓа Славјанка Петроска, а за Мила Царовска е констатирана оставка
August 26
07:08 2020

Нова пратеничка која доаѓа на местото на Оливер Спасовски е Славјанка Петреска, а Спасовски претходно поднесе оставка од пратеничката функција поради тоа што е предложен за министер за внатрешни работи.

Мандатот на Петреска беше верификуван вечерва во Собранието. Собранието продолжува со работа со констатирање на оставките и на останатите пратеници кои треба да бидат дел од извршната власт.

Констатирана е оставката на Мила Царовска, а претходно беа констатирани оставките и на Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Љупчо Николовски.

Останува да бидат констатирани оставките уште на Никола Димитров, Јагода Шахпаска и Насер Нуредини. Собраниските седници се одржуваат без присуство на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса за Албанците. ИзворПрес24.

Related Articles