Груевски: 1.500 вработувања во индустриската зона во Прилеп, Трескавец со нови конаци и пат

 Breaking News

Груевски: 1.500 вработувања во индустриската зона во Прилеп, Трескавец со нови конаци и пат

Груевски: 1.500 вработувања во индустриската зона во Прилеп, Трескавец со нови конаци и пат
August 29
17:45 2017

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес е во посета на Прилеп. За посетата на индустриската зона Прилеп 1, Груевски информираше на социјалната мрежа Фејсбук.

-Ја посетив индустриската зона Прилеп 1 (Металец) во Прилеп. Вкупно продадени се 21 парцела, од кои 19 веќе имаат одобрение за градба, а од нив 5 фабрики веќе се изградени и 4 во тек на градба. По комплетирање на градбите, зоната ќе обезбеди над 1500 вработувања, со што оваа зона ќе биде една од најуспешните каде општината со сопствени сили и средства ќе обезбеди толку голем број на вработувања, пишува Груевски на Фејсбук.

Во рамките на работната посета во Прилеп, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги посети Индустриската зона “Прилеп 1” и манастирот “Трескавец”.

“Го посетив манастирот Трескавец каде во тек се градежните работи за изградба на нови конаци, како и реконструкција на оштетениот опожарен дел. За сето ова беа обезбедени и се инвестираат 1.8 милиони евра. Претходно беше изграден и патот кон Трескавец за што беа вложени над 1.4 милиони евра. Трескавец останува културното и духовното богатство на Република Македонија”, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.

Во Прилеп се отворени над 10.000 нови работни места, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денес се наоѓа во посета на оваа општина.

Отворањето на зоната 1 ќе овозможи вкупно 1500 работни места откако целата ќе биде изградена. Сега во моментов има околу 400 нови работни места. Паралелно во Прилеп функционира и се гради и Технолошко-индустриската развојна зона во која инвестираше претходната Влада, во која веќе постојат две фабрики, „Гентерм“ и „Агропласт“, а во градба е и фабриката „Вик“ за која голема заслуга имаше Бил Павлески. Овие фабрики ќе вработат околу 3250 луѓе. Без нивните планирани проширувања кои се за во иднина. Очигледно е дека градоначалникот и општината имаат многу вложено во отворање на нови работни места. Во овие зони вложено е во изградба на улици, канализациони мрежи, водоводни мрежи и сето она што е потребно за нормално да функционира таа зона и мене ми беше задоволство да присуствувам во една таква зона.  Прилеп може да се пофали дека е еден од најнапредните во изградбата на сопствени, локални индустриски зони со кои се отвораат нови работни места, истакна Груевски.

Груевски во Прилеп се сретна и со еден од сопствениците на фабрика во оваа зона кој му рекол дека е задоволен, дека кај него расте бројот на вработени и дека произеденото тука го извезува во Европа. Прилепчани треба да знаат, рече Груевски, дека освен што се отворени нови работни места, тоа ќе се случува и во иднина.

Единствено што тука загрижува и е ризик е новата политика на Владата која на странските инвеститори гледа како натрапници, гледа како на некои кои многу земале или сакаат да бидат нееднакви во однос на домашните. Домашните се многу важни, ние секогаш сме ги поддржувале, но мора да се привлекуваат и странски. Затоа што странските не само што отвораат нови работни места туку им помагаат и им даваат работа на домашните. Сегашниот однос на Владата е голем ризик во однос на доаѓање на идни инвестиции. Но, со ова што е досега изградено и во локалните индустриски зони од страна на градоначалникот и општината и од страна на Владата, создаден е предуслов за да доаѓаат нови компании и домашни и странски и да се отвораат нови работни места, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Related Articles