Грците развиорија ЏИНОВСКО ЗНАМЕ и извикуваа националистички пораки (ВИДЕО)
Огромно грчко знаме, на кран, се издигна на митингот “Македонија е Грција” на плоштадот Синтагма во Атина.
Илјадници Грци моментално се наоѓаат на главниот плоштад Синтагма во Атина, кои извикуваат националистички пораки и велат дека нема компромис за спорот со името.
Според грчките медиуми, организаторите очекуваат околу 1 милион луѓе да се соберат во Атина.
„Македонија е Грчка“ извикуваа учесниците на протестот во Атина.
Протестот за одбрана на името Македонија, кој според проценките ги надмина очекувањата, се одвиваше под силни безбедносни мерки и ангажирани над 19 илјади полицајци.
Од сите делови на земјата, организирани со автобуси, учесниците пристигнуваа во грчката престолнина.
„Какво било повлекување од зацртаните линии ќе има катастрофални последици за нашата земја.
Ако направиме отстапки и се повлечеме од сегашните ставови за името, тоа значи отворање на границите на оние кои ни се закануваат отворено со нивниот устав“. – изјави Микис Теодоракис – музичар и композитор.
“Црквата не може да прифати термин Македонија или било каков дериват како составен дел на името на друге држава”. – зијави митрополит Доротеј.
Паралелно со протестот на плоштадот Синтагма, на оддалеченост од само 800 метри, анархистите одржаа контра протест, односно, како што рекоа, антифашистички собир.
Грчки медиуми јавија дека Демонстранти ривали се судриле во центарот на Атина за време на големиот протест на плоштадот Синтагма.
Според извештаите, полицијата користела солзавец за да ги раздвои групите на демонстранти.