Фото: Тешка сообраќајка вечерва во Капиштец
September 05
21:45
2017
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов„ во скопската населба Капиштец. Во неа учествувале две возила со скопски таблички: првото марка „Пежо, а второ марка “Мерцедес“. Поради несреќата сообраќајот во моментов се одвива само по една коловозна лента.
Во моментот полицијата врши увид на местото на несреќата, a поголема група на луѓе е собрана на местото на настанот. Сеуште не е познато дали во неа има повредени или настрадани лица.