ЕДЕН ДЕТАЛ ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА НА КИМ?! Експертите на фотографиите од лансирањето забележаа нешто неверојатно!(ФОТО)
Изгледа дека ноќните фотографии од последното лансирање на севернокорејските ракети се лажни, објави CNN.
Марко Лангбрук, експерт за вселената кој го следи ракетниот програм на Северна Кореја изјави дека забележал нешто чудно околу ѕвездата на фотографиите направени на спротивната страна на ракетата.
„Би требало да го забележите соѕвездието кое е поставено спротивно, а тоа всушност не е така.“
Тој ја потврдил насоката на фотографиите на основа на обликот на димот од ракетниот мотор.
Во раните утрински часови во средата, Северна Кореја испали нешто за што се верува дека е нивната најнова технолошка напредна балистичка ракета со долг домет.
Државните медиуми од Северна Кореја изјавија дека ракетата достигнала надморска височина од 4.475 км, а тоа покажува дека цела територија на САД е во нејзин домет.
Лангбурк сепак забележал дека нешто не е во ред, тој вели дека за да ги сликаат ѕвездите, фотографите користат широка експозиција за да добијат повеќе светлина. Меѓутоа, шриината на експозицијата значи дека движењето е сликано како матно.
Поради тоа, ако го направеле тоа фотографите, ѕвездите не можеле да се видат јасно на сликата, дури ниту во Северна Кореја, каде што загаденоста е многу ниска.
„Изгледале остро, а тоа не изгледаше добро.“