Древен храм кој ја крие тајната за создавање на универзумот –  Научниците пронајдоа нешто неверојатно во езерото!(Видео)

 Breaking News

January 07
10:37 2018

Мексикански арехолози ископаа камен пронајдок во езерото на вулканот во Мексико Сити и потврдија дека станува збор за „минијатурен модел на универзум.“

Националниот институт за антропологија и историја соопшти дека каменот се наоѓал во центарот на природното езеро над вулканот Икаксиватл на 3900 метри надморска височина.

Истржаувачите веруваат дека каменот е дизајниран да плови на површината на водата, со цел да се покаже важноста на средноамериканскиот мит за создавање на светот во кој се вели дека Сипактли(морско чудовиште) пловело во древните води и од неговото тело се создале небото и земјата.

Во близина биле пронајдени и декоративни елементи кои се поврзани со богот Тлалок.

„Постоење на камен во центарот на природното езеро и оптичкиот ефект во рамки во кои водата ја отсликува сликата на структурата, покажуваат дека станува збор за место со големо значење.“, изјавија истржаувачите.

Се претпоставува дека тоа е место за контрола на водата од блиските извори кои го надополнуваат езерото и место за изведување на ритуали.

Related Articles