Додека луѓе спијат на Бит Пазар пешачкиот премин на -2°С не ни ја бидува државата (фото)

 Breaking News

Додека луѓе спијат на Бит Пазар пешачкиот премин на -2°С не ни ја бидува државата (фото)

Додека луѓе спијат на Бит Пазар пешачкиот премин на -2°С не ни ја бидува државата (фото)
January 25
10:13 2018

„Сограѓани мои, додека вечерва на -2°С ние заспиваме во нашите топли домови, еден човек среде Скопје спие покриен само со едно ќебе, врз парчиња стиропор, на пешачкиот на Бит Пазар, среде булеварот К.П. Мисирков.

Овој човек не е од оние што ви досаѓаат по семафори, тој не застанува никого што поминува на пешачкиот, тој на крајот на денот не оди никаде со собраниот “промет”, нему пешачкиов му е дом и дење и ноќе.

Боже мој, а колку ли ги има вакви што не ги знаеме?

Колку ли степени ги делат од тоа никогаш повеќе да не се разбудат?

Прави ли државата нешто за да се спречи страдањето на овие луѓе, а толку бескорисни згради има во градот, кои можат да се искористат како дом за овие лица?

Постојат ли трајни решенија за овие страшни појави?

Имаат ли колегите од Црвен Крст мобилна единица да ги згрижува ваквите случаеви?“ гласи статусот на Jasmin Redjepi на неговиот фејсбук профил.

Related Articles