Детали за тепачката во автобус во која момче беше избодено со нож (видео)

 Breaking News

Детали за тепачката во автобус во која момче беше избодено со нож (видео)

Детали за тепачката во автобус во која момче беше избодено со нож (видео)
December 25
21:37 2017

Седумнаесет годишно момче е повредено при тепачка во автобус на ЈСП со број „57“ денес околу 14:30 часот, објавија македонските медиуми.

Според информациите кои полицијата ги соопшти на горниот кат во автобусот дошло до тепачка меѓу две групи на малолетници во која прободен со нож бил 17 годишник.

Повреденото момче е пренесено во Ургентниот центар.

Напаѓачот избегал по крвавиот настан, а од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Патниците во автобусите на ЈСП се видно револтирани по денешниот настан, дури и на одредени линии бараат полициско присуство во автобусите на ЈСП, посебно во вечерните часови.

Сеуште официјално нема потврдени информации дали на безбедносните камери во автобусот се гледа крвавиот настан, дали снимките од ЈСП се предадени на МВР и дали ќе се од помош за пронаоѓање на причините за крвавиот настан како и напаѓачот.

Според очевидец, полицијата веднаш била присутна на местото на злосторството, а жртвата веднаш била пренесена во болница, пишува порталот, кој објави и ексклузивна видео снимка:

Related Articles