Детали: Драма за Божик во Скопје – си го запалил станот кај Собрание и излегол, соседите во паника
Драма се одвива за Божиќ откако избувна пожар во стан во близина на македонското Собрание, кај НЛБ Тутунска банка.
Според соседите, сопственикот В.M. сам си го запалил станот и веднаш избегал, пренесе Република.
Пожарникарите инфорираат дека засега нема повредени во пожарот.
Пожарот што претпладнево избувна во стан во центарот на Скопје е локализиран, а во текот на гаснењето нема повредени, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томевски.
Опожарен бил стан на втор кат во зграда на улица „Даме Груев“, како и балкон на стан над него.
Противпожарните единици интервенирале со седум возила, и како што истакна Томевски, навреме е спречено проширување на пожарот.
Засега нема официјални информации за причината за пожарот.
Полициски екипи се во зградата каде што избувна пожарот.
Од полицијата посочуваат дека се уште немаат информации за причините за пожарот, единствено посочуваат дека пожарот е пријавен кај нив.