ДЕНОВИ ГО ДЕЛЕЛЕ ХИТЛЕР ОД ПОСЕД НА НАЈМОЌНОТО ОРУЖЈЕ – Група на храбри специјалци во последен момент го сопреле!

 Breaking News

ДЕНОВИ ГО ДЕЛЕЛЕ ХИТЛЕР ОД ПОСЕД НА НАЈМОЌНОТО ОРУЖЈЕ – Група на храбри специјалци во последен момент го сопреле!

ДЕНОВИ ГО ДЕЛЕЛЕ ХИТЛЕР ОД ПОСЕД НА НАЈМОЌНОТО ОРУЖЈЕ – Група на храбри специјалци во последен момент го сопреле!
November 29
17:47 2017

Најмоќното оружје во рацете на човештвото е без двоумење, нуклеарната бомба.

Атомската бомба е создадена баш во време на втората светска војна и секако нацистите биле воодушевени од нејзината моќ.

За создавање на бомбата на нацистите најмногу им била потребна „тешка вода“, која ја модификува брзината на судири на атомите и без која тој процес е незамислив. Во време на втората светска војна, таа се произведувала во една хидроцентрала во Норвешка.

Норвешка била окупирана и нацистите ја превземале хидроелектраната. Владата на Норвешка од Лондон сфатила што прават таму и донела одлука да ја врати власта врза оваа хидроелектрана.

Норвешкиот командир Лиф Тронстад знаел дека нацистичките операции мораат да ги саботираат, но во исто време не сакал да ја уништи хидроелектраната, затоа што тогаш многу норвежани би останале без работа.

Планот било да се испратат 4 норвежани, кои ќе го подготват теренот за англиските инжинери. Меѓутоа, многу од тоа тргнало во погрешен правец. Опремата била оштетена при истоварање. Потоа, во текот на подготовките, била направена и една голема грешка која на смрт ги осудила норвежаните ако ги фателе нацистите. На батериите за радио со големи букви пишувало „Изработени во Англија“.

Кога тргнале леталата со англиските инжинери, било невреме. Поради тоа, едно се урнало и сите починале додека другото одвај се вратило во Шкотска. Притоа, инжинерите кои успеале да преживеат паднале во рацете на нацистите. Мислеле дека ги чека престој во логор, меѓутоа Хитлер наредил сите да се ликвидираат. Тоа и се случило. За тоа време, 4-те норвежани преживувале и постојано праќале пораки до Лондон да испратат уште една екипа. Тоа и го направиле. Овој пат испратиле норвешки специјалци и ја одлучиле да ја кренат хидроелектраната во воздух.

Тие успешно се пробиле во хидроелектраната и таму го сретнале само домарот. Тој ги однел до подрумот каде што се произведувала „тешката вода“, но интересно е тоа што пред експлозијата тој инсистирал да ги најде своите наочари.

Сепак и по оваа успешна операција, германците продолжиле со производството. Американците наредната година продолжиле со бомбардирањето, но тоа ги натерало нацистите да го преместат производството во Германија.

Но оваа вода никогаш не стигнала во Рајх, затоа што бродот на кој била пренесувана бил уништен. Самата помисла на што би направил Хитлер доколку ја добиел атомската бомба, внесува страв во коски.

Related Articles