Да му помогнеме на Влатко

 Breaking News

Да му помогнеме на Влатко

Да му помогнеме на Влатко
December 09
11:06 2016

Во целост ви го пренесуваме апелот на Влатко Мицкоски кому му е потребна нашата помош.

Пријатели и пријателки, оние коишто ме познаваат лично и не. Се обраќам до сите вас бидејќи ми е потребна вашата помош повеќе од кога било. Последно да е да треба да си помагаме за вакви работи, но кога дошло мора до крај… Имено, како што веќе знаат некои поблиски луѓе за мојата ситуација, a сега ќе ја споделам и со јавноста, боледувам од опаката болест на 21-ви век на само 23 годишна возраст, бубрежен канцер.  Извршена беше операција во јуни 2015 и токму кога мислев дека се’ е завршено, во март оваа година болеста се враќа и метастазира на неколку места, меѓу кои и коските.  За да се контролира оваа болест, примам т.н. таргет терапија (Votrient) во вид на таблети и покажува одлични резултати до сега т.е болеста полека се повлекува. Но, оваа терапија не е на позитивната листа на ФЗОМ и ја набавуваме од странство приватно и е многу скапа, чини 2100 евра месечно, сума којашто моето семејство не може да си ја дозволи за набавка на овој лек. Добивав донации од повеќе фирми, но тие беа доволни само за 5 дози кои веќе ги примив досега. Затоа, ве замолувам сите вас во рамките на вашите можности да ми помогнете финансиски колку што можете. Број на кој може да донирате 100 ден. од повик:  Корисници на One – 075 143 472 Корисници на Vip – 077 143 472 Податоци за трансакциска сметка:  Влатко Мицкоски 210-5016789882-78 НЛБ Тутунска Банка Од се’ срце ви се заблагодаруваме однапред, јас и моето семејство! Ајде да ги отвориме срцата и да помогнеме на овој млад човек.

Related Articles